Свет

Вучиќ на појадок со унгарскиот премиер Виктор Орбан

Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

– Го угостив мојот драг пријател @orbanviktor за појадок пред заедничкото возење со брзиот воз и отворањето на делот Белград-Нови Сад од железницата во рамки на меѓународната железница Белград-Будимпешта. Што почесто да одам во прекрасна Будимпешта, а да ве угостиме во прекрасната Суботица, Нови Сад и Белград – пишува на Инстаграм во описот на фотографијата.

Вучиќ и Орбан од железничката станица во Белград Центар со новиот воз „Соко“ ќе патуваат за Нови Сад, каде ќе се обратат пред медиумите, соопшти прес-службата на претседателот Вучиќ.

Брзата пруга Белград-Нови Сад беше завршена на крајот на минатата година, а потоа беше тестирана и пругата на која возовите ќе достигнуваат брзина и до 200 километри на час, па патувањето меѓу двата града ќе трае околу 35 минути.

На почеток