Вучиќ: Кај нас има многу лудаци
Од
Објавено на
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера ја коментираше најавата за генерален штрајк од Давос, каде што е на Светскиот економски форум. Тој рече дека ниту студентите не знаат кое од барањата не е исполнето.
„Не ни треба насилство. Сакаме да разговараме со студентите, со сите, секогаш сме биле за дијалог и тие да ни објаснат кои барања не се исполнети“, рече Вучиќ од Давос.
Вучиќ истакна дека во Србија има многу лудаци.
„Гледам дека некои најавуваат дека утре (мислејќи на денес) нема да одат во теретана, дека лебот ќе го купат порано, дали тој ден ќе ручаат или вечераат… Во нашата земја има многу лудаци“, додаде Вучиќ.