Свет

„На Украина и треба конкретен датум, инаку ЕУ не заслужува така да се нарекува“, вели Јанша

Словенечкиот премиер Јанез Јанша во петокот изјави дека на Украина и треба „конкретен датум“ кога ќе биде примена во Европската унија по забрзана процедура.

Тој го гледа тоа како институционална „безбедносна гаранција“ по завршувањето на руската воена операција.

Во спротивно, ако не сме способни за такво нешто, тогаш ЕУ не заслужува ниту да се нарекува така“, рече Јанша, кој оваа недела го посети Киев заедно со колегите од Полска и Чешка.

Тој смета дека европските дипломати треба да се вратат во Киев и дека европските лидери треба да го посетат украинското раководство за да не се чувствуваат „напуштени“.

Јанша верува дека Украинците ќе победат, но дека „сериозните преговори“ за прекин на огнот ќе започнат дури кога Русите ќе видат „дека не можат да напредуваат со тенкови“.

Тој додаде дека Украинците покажале дека митот за непобедливоста на руската армија е неточен и дека поради политиката на Путин за десет години ќе биде јасно дека рускиот народ изгубил многу повеќе од Украинците поради таа агресија бидејќи се нашол во меѓународна изолација.

На почеток