Свет

„БиХ не е функционална“

Претседателот на Словенија, Борут Пахор изјави дека Босна и Херцеговина не е функционална земја и затоа е неопходно да се донесе реформа на Изборниот закон.

Пахор посочи дека ова сега е важен тест за фер и функционални компромиси.Тој рече дека војната во Украина го оживеа застарениот геополитички менталитет и дека проширувањето на ЕУ, особено на Западен Балкан, е геополитичко прашање од прва класа.

„Сега е многу важно сите политичари во регионот да се воздржат од изјави и дејствија кои би ја продлабочиле недовербата меѓу народите и државите од Западен Балкан“, рече Пахор.

Тој додаде дека е неопходно зајакнување на политичкиот дијалог на сите нивоа и меѓусебната доверба и соработка.

На почеток