Скопје

Апсења во Гази Баба и Петровец

На подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода Р.С.(36) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 18.03.2022 во 17.15 часот на подрачјето на Петровец од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода Ф.Т.(34) од Куманово затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На почеток