Скопје

Приведен крадец за тешка кражба на подрачје на Кисела Вода

Кај Транспортен центар во Скопје од полициски службеници од ЕВР Кисела Вода бил лишен од слобода Т.А.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка кражба“ во патничко моторно возило. Имено на 15.03.2022 во временскиот период од 14.30 до 15.30 часот на подрачјето на Кисела Вода пријавениот со употреба на сила и погоден предмет од патничко моторно возило “мерцедес“ со скопски регистарски ознаки одзел повеќе предмети и документи.

По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На почеток