Свет

Најмалку 17 мигранти се удавија во близина на брегот на Тунис

Бројот на мигранти кои се удавија во близина на брегот на Тунис се искачи на 17, главно Сиријци, изјави во саботата претставник на цивилната заштита.

Тој за Ројтерс изјави дека крајбрежната стража денеска пронашла пет тела, откако вчера пронашла 12 тела.

Потрагата се уште е во тек. Во последните месеци, неколку луѓе се удавија во близина на брегот на Тунис, откако бројот на обиди за преминување во Европа од Тунис и Либија во Италија повторно се зголеми од 2021 година.

На почеток