Актуелно

Белгија: Автомобил влета во толпа луѓе, има загинати

Неколку лица загинаа, а околу 20 се повредени кога рано утринава автомобил влета во посетители на карневалот во белгискиот град Стрепи Бракењи.

Според извештаите на локалните медиуми, најмалку четири лица загинале кога автомобил влетал во толпата што рано утринава се собрала на прослава во тој град, на околу 50 километри јужно од Брисел, пренесува агенцијата АП.

„Автомобилот се движеше со голема брзина. Имаме неколку десетици повредени и, за жал, неколку мртви“, изјави градоначалникот Жак Гобер за радиото RTBF.

Според медиумите, несреќата најверојатно ја предизвикал возачот на автомобилот кој бил бркан од полицијата.

На почеток