Актуелно

„Јас во животот сум се борел да бидам прв“, Мицкоски не прифаќа дека СДСМ е успешна

„Порано или подоцна ќе има предвремени парламентарни избори. Не можат на сила да останат таму каде што се“. Ова е ставот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој смета дека Македонија е константно во криза. Кажа дека прво бил коронавирусот, па вакцините, па пожарите низ Македонија кој ги гаснеле странски држави, за сега, да има енергетска криза.

„Покажаа некадарност, неспособност, најголема во Европа. Ако е резултат економската политика на СДСМ која не закова на дното во регионот според бруто домашен производ. Јас таков успех не прифаќам. Јас во животот сум се борел да бидам прв. А Македонија е последна според бруто домашниот производ. Истото е и според дефицититот во буџетот, рекордери сме, најголем е дефицитетот во регионот“, кажа Мицкоски.

Тој рече дека за ова ќе пресудат граѓаните.

„Ако не се краде, ќе има. Новото задолжување е за покривање на непродуктивните трошоци“, додаде Мицкоски.

На почеток