(ВИДЕО) „Куќите не се загрозени“: Голем пожар во Хрватска

Од
Објавено на

Големиот шумски пожар во непристапна област во Вињани Доњи кај Имотски повторно се разгорува, јавуваат денеска хрватските медиуми.
Пожарот синоќа го надгледувала група пожарникари, а од утрото на помош им доаѓаат нови пожарникари од Имотска Краина, Омис и Макарска, јавува Хина.
– Од утрово огинот повторно се разгори во боровата шума. На терен има околу 40 пожарникари, а очекуваме дека во гаснењето на пожарот ќе бидат вклучени и канадери – изјави за Хина командантот на противпожарната бригада Имотски, Анте Челан.
Тој додаде дека пожарот не ги загрозил куќите.
