Актуелно

„Ако пропаднат преговорите, ни се заканува Трета светска војна“: Зеленски тврди дека е подготвен да разговара со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е подготвен да преговара со рускиот претседател Владимир Путин, но предупреди дека ако обидите за преговори пропаднат, тоа може да значи дека борбата меѓу двете земји ќе доведе до „Трета светска војна“.

„Подготвен сум да преговарам со него. Подготвен сум во последните две години. И мислам дека без преговори не можеме да ставиме крај на оваа војна“, изјави Зеленски за Си-Ен-Ен.

Украинскиот претседател рече дека ако има еден процент шанса да се запре таа „војна“, треба да ја искористат таа шанса.

„Мораме да го направиме тоа. Секој ден губиме луѓе, невини луѓе на теренот“, рече тој.

Зеленски рече дека руските сили дошле, како што рече, да ги истребат и убијат и дека Украина мора да покаже дека е достојна за својот народ и армија.

„Но, за жал, нашето достоинство нема да спаси животи. Затоа, мислам дека мора да го искористиме секој формат, секоја шанса да имаме можност да преговараме, можност да разговараме со Путин“, рече украинскиот претседател.

На почеток