Актуелно

Исповед на последниот ЕУ-дипломат кој го напушти Мариупол: „Се надевам дека никој повеќе нема да го види ова“

Манолис Андролакис е генерален конзул на Грција во Мариупол и последен дипломат на земја членка на ЕУ што го напушти опколеното пристаниште.

Денеска тој изјави дека Мариупол се приклучува на листата на места познати по тоа што се уништени во војната. Андрулакис им помогна на десетици грчки граѓани и етнички Грци да избегаат од градот, кој беше уништен од руските сили.

Тој во вторникот го напушти Мариупол и по четиридневното патување низ Украина преку Молдавија, се пресели во Романија со уште десет грчки државјани.

„Она што го видов, се надевам дека никој повеќе нема да го види“, рече Андрулакис по денешното слетување на аеродромот во Атина.

На почеток