Актуелно

Кремљ: Нема основа за средба меѓу Путин и Зеленски

Портпаролот на Владимир Путин Дмитриј Песков одржа прес-конференција.

Тој рече дека „државите кои имаат влијание во Киев треба да го искористат тоа влијание за да ја направат Украина поконструктивна во мировните преговори“, рече Песков, додавајќи дека „разговорите со Украина не напредуваат толку колку што би сакала Русија“.

„Русија прави напори да ги забрза преговорите“, рече тој, додавајќи дека „нема основа за можна средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Владимир Зеленски“.

Тој ги нарече „лаги“ тврдењата дека руската армија не дозволува евакуација на украинските цивили и ги обвини „украинските националисти“ дека спречуваат евакуација на цивили преку хуманитарни коридори.

Кремљ пред состанокот на членките на ЕУ предупреди дека можното европско ембарго на руската нафта може да го погоди светот.

„Нафтено ембарго би влијаело на снабдувањето со енергија на Европа, додека Америка не би изгубила ништо во случај на ембарго“, рече Песков.

„Таквото ембарго би имало многу сериозно влијание врз светскиот пазар на нафта, штетно влијание врз енергетскиот пазар на Европа. Очигледно е дека Американците не би изгубиле ништо, нивната позиција би била подобра од европската. Таквата одлука би влијаела на цел свет“, додаде тој.

На почеток