Актуелно

„Шокиран сум“, се огласи претседателот на Кина за урнатиот авион

Откако официјално беше потврдено дека се урна авионот Боинг 737 на кинеската државна авиокомпанија, се огласи и кинескиот претседател.

„Шокиран сум“, рече Си Џинпинг, објавија кинеските државни медиуми, додавајќи дека претседателот наредил итна истрага за несреќата.

Да потсетиме, патнички авион од типот Боинг 737 на компанијата „China Eastern Airlines“ се урна во јужна Кина. Според сега официјалните податоци, во авионот имало 123 патници и девет членови на екипажот. Нивната судбина засега не е позната.

Кинеската државна телевизија CCTV објави дека Боинг 737 се урна на планина во близина на градот Вуџу, во регионот Ганг.

На почеток