Актуелно

Британско разузнавање: Украина го брани Мариупол, повеќето руски сили стојат во место

Британското Министерство за одбрана објави нов извештај на својата разузнавачка служба за ситуацијата во Украина.

И покрај тешките борби, украинските сили успеаја да ги одбијат руските обиди да го заземат Мариупол, се вели во извештајот.

Руските сили во остатокот од Украина постигнуваат ограничен напредок, а повеќето сили стојат во место. Неколку украински градови трпат тешки артилериски и воздушни бомбардирања, се вели во извештајот, потсетувајќи дека според податоците на ОН, повеќе од 10 милиони Украинци ги напуштиле своите домови поради руската инвазија.

На почеток