Актуелно

Костовски: Исчистена е депонијата покрај реката Серава во Бутел 1

„Поставивме и информативни табли со кои укажуваме на забраната на фрлање шут и ѓубре на веќе исчистените депонии. На влезот на кејот поставени се и столбчиња со што ќе спречиме влегување на возила кои ќе ја загадуваат околината!“, вели градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

Тој додава: „Активен е и телефонски број на кој граѓаните на Општина Бутел можат да пријават создавање на нови депонии или локации на кои се наоѓа ѓубре и да пријават несовесни граѓани кои ја загадуваат нашата средина!

Нашата цел е Општина Бутел без депонии, а граѓаните да бидат наш партнер во зачување на хигиената!

Целосно исчистени се над 30 депонии на територијата на Општина Бутел!

Зелена и чиста Општина Бутел за поздрава иднина за сите нас!“

На почеток