Дојава за бомба при лет од Москва, Романија испрати борбени авиони да го следат
Романски борбени авиони го следеле патничкиот авион на пат од Москва кон Истанбул во воздушниот простор на таа земја, откако била добиена дојава за бомба во авионот.
Романското воено воздухопловство денеска во служба на воздухопловните сили изврши нова мисија во националниот воздушен простор за пресретнување и придружба на цивилен авион на „Туркиш ерлајнс“ кој летал од Москва до Истанбул. „Во авионот била поставена бомба“, се наведува во пораката објавена на Фејсбук страницата на романското Министерство за одбрана, пренесува РИА Новости.
Министерството појасни дека ловците полетале во 17.58 часот и по пресретнувањето го следеле цивилното летало во согласност со важечките закони и процедури до 19.24 часот, кога авионот го напуштил воздушниот простор на Романија.