Демонстранти се обидоа да го блокираат пристигнувањето на јахтата поврзана со Абрамович


Демонстрантите во турското пристаниште Бодрум во понеделникот се обидоа да го блокираат пристигнувањето на јахтата „Мој Соларис“, која наводно е поврзана со рускиот олигарх Роман Абрамович.
Демонстрантите, членови на школата за едрење за деца и млади од Одеса, носеа украински знамиња и знаци „Не на војната“.
„Одлуката на целиот тим беше да го блокира пристапот до јахтата на рускиот олигарх Абрамович“, изјави тренерот на тимот Павло Донцов за Си-Ен-Ен.
„Ние го креваме знамето на нашата земја на многу меѓународни натпревари. Само сакаме на сите да им покажеме која е Украина“, додаде тој.
Според Marine Traffic, „My Solaris“ пристигна во Бодрум во понеделникот вечерта. Сè уште е таму.
