(ВИДЕО) Руската армија е целосно деморализирана, тврдат Украинците
Украинската армија во својот извештај утринава тврди дека руските сили во Украина се целосно деморализирани, поради што Русија е принудена да ангажира поранешни војници за да ги надомести големите загуби.
Воените службеници активно ги повикуваат пензионираните војници, особено оние кои веќе имаат искуство во борба, тврди украинската војска во новиот дневен извештај на Фејсбук.
Тие велат дека „руските сили се деморализирани“ поради отпорот на Украина во делови од земјата, пред се на исток и југ. Што се однесува до Мариупол, кој има околу 100.000 жители кои се опколени од руските сили и немаат пристап до храна и лекови, Украинците тврдат дека во тој град спроведуваат т.н. „кружна одбрана“.
Русите се закопуваат, тврдат Украинците
Западните разузнавачки агенции наведуваат дека Русите не напредуваат во Украина, туку ги зајакнуваат одбранбените позиции. Според најновата проценка на Институтот за воени студии, руските сили не извршиле значајни напади оваа недела.
Украинската армија наведува и дека ги евидентира активните напори на Русите да го зголемат количеството на руска и белоруска воена опрема долж границата, но не соопштуваат детали. Белорусија, да потсетиме, ја поддржува Русија во инвазијата на Украина.
Украинците, исто така, тврдат дека ги провериле извештаите дека противниците на војната во Белорусија делумно отстраниле дел од железничката линија меѓу земјата и Украина.
Украинските тврдења сè уште не се независно потврдени.
Російські окупанти продовжують втрачати техніку та колони забезпеченя.
Воїни Сухопутних військ ЗСУ та ТрО знову на висоті 💪🏻Разом переможемо!🇺🇦#stoprussia pic.twitter.com/KmL9DvIvT1
— Defence of Ukraine (@DefenceU) March 22, 2022