Ослободена заробената новинарка, пред тоа снимила видео: „Русите ми го спасија животот“
Украинската новинарка заробена од Русите е ослободена од заробеништво откако снимила видео во кое вели дека Русите и го спасиле животот. Новинарката Викторија Рошчина исчезнала откако отпатувала во окупираниот Бердјанск на 15 март. Рошчина работела за украинскиот медиум Хромадске, кој пред неколку дена објави дека има неофицијални информации дека новинарот бил киднапиран од ФСБ, руската служба за безбедност.
Медиумите сега пренесуваат дека Рошчина е ослободен и е на пат за Запорожје, каде ќе се сретне со семејството. Хромадске исто така известува дека неколку часа пред нејзиното ослободување, проруските медиуми и каналите на Телеграм почнале да прикажуваат видео на Рошчина во кое се вели дека Русите никогаш не ја држеле заробена, туку и го спасиле животот. Видеото наводно било услов за нејзино ослободување од притвор.
Во моментот на исчезнувањето новинарката пишувала за воени дејствија во Запорожје и Доњецк, а планирала да отпатува за Мариупол.