Свет

„Путин ќе користи нуклеарно оружје само во еден случај“

Гери Каспаров, познат шаховски велемајстор, продемократски активист и еден од лидерите на руската опозиција, денеска на Твитер објави напис за можната руска употреба на нуклеарно оружје.

Да потсетиме, вчера портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, не сакаше да ја исклучи можноста од руска употреба на нуклеарно оружје, но рече дека Русија ќе се одлучи за таков потег само доколку тоа е „егзистенцијално загрозено“.

Каспаров утрово на Твитер ја коментираше идејата за руска употреба на нуклеарно оружје.

„Единствениот ризик од употребата на нуклеарно оружје од страна на Путин во Украина е ако тој и неговите поданици се сигурни дека нема да има одговор. Секој командант на руска подморница треба да знае дека веднаш ќе биде елиминиран доколку се пука со такво оружје“, напиша Каспаров.

„Или можеби тоа би било преголема „ескалација“, уништување на подморница што истрела нуклеарна ракета кон Украина?“,  иронично се чуди Каспаров, кој го критикуваше Западот од почетокот на војната во Украина поради страв дека ќе биде поактивно вклучен во борбата против агресијата на Путин против Украина.

На почеток