Актуелно

ВИДЕО Украинска старица (95): Го преживеав Холодомор и нацистите, ова е пострашно

Американскиот CBS News објави шокантно видео од 95-годишна Украинка која го преживеала Холодомор (масовниот глад предизвикан од Сталин во Украина, кој уби милиони Украинци) и Втората светска војна.

„Во моите 95 години, никогаш не сум доживеала вакво нешто. Го преживеав гладот ​​од 1933 година, Втората светска војна, но никогаш не сум видела нешто толку страшно“, рече таа.

„Зошто? Кому му е потребна оваа војна? Ние сме Украинци. Сакаме да бидеме независни. Независни сме веќе 30 години. Да живееме самостојно. Поминавме 70 години под овој јарем“, додаде таа.

На почеток