Свет

Шефот на НАТО: Испраќаме четири нови борбени групи во Источна Европа

На прес-конференцијата пред пристигнувањето на американскиот претседател Џо Бајден во Брисел, шефот на НАТО Јенс Столтенберг ја коментираше изјавата на портпаролот на Путин, кој одби целосно да ја исклучи употребата на нуклеарно оружје, велејќи дека Русија ќе го користи само во случај на „ егзистенцијална закана“.

„Русија мора да престане да тропа со нуклеарно оружје. Русија мора да разбере дека нуклеарна војна никогаш не смее да се случи, но и дека не може да победи во нуклеарна војна“, рече Столтенберг на прес-конференција.

„Кина ѝ даде поддршка на Русија, ќе разговараме за нејзината улога“
Членките на НАТО се соочуваат со фундаментална промена во безбедносната средина, во која авторитарните влади се подготвени да употребат сила, рече Столтенберг.

„Верувам дека ќе разговараме за улогата на Кина во оваа криза“, додаде тој.

„Кина ја поддржа Русија со ширење очигледни лаги и дезинформации“, рече Столтенберг.

Четири нови борбени групи на НАТО се селат во Источна Европа
Лидерите на НАТО ќе се согласат да испратат четири нови борбени групи во Источна Европа, односно Словачка, Унгарија, Бугарија и Романија, потврди денеска Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО рече дека ова е големо и долгорочно зголемување на военото присуство на НАТО во регионот, што ќе го удвои бројот на постоечките борбени групи во Источна Европа.

Американскиот претседател Џо Бајден го напушти Вашингтон за Брисел, каде ќе присуствува на состанок со лидерите на НАТО на кој ќе се разговара за одговорот на руската инвазија на Украина.

На почеток