Свет

Северна Кореја истрела нова ракета

Северна Кореја денеска истрела неидентификувана ракета кон Источното Кинеско Море, соопшти јужнокорејската армија.

Како што изјавила, постои сомневање дека се работи за балистичка ракета со долг дострел, пренесува јужнокорејски Јонхап.

Началникот на Здружениот Генералштаб на вооружените сили на Јужна Кореја соопшти дека открил лансирање на „неидентификувана ракета“ од територијата на Северна Кореја, додаде Ројтерс.

Јапонската влада исто така извести дека проектилот е лансиран, наведувајќи дека тоа може да биде балистичка ракета.

Се сомнева дека Северна Кореја лансирала ракета на 16 март, која очигледно експлодирала над Пјонгјанг веднаш по полетувањето, соопшти тогаш јужнокорејската армија.

На почеток