Украинска морнарица: Уништивме голем руски воен брод
Украинската морнарица денеска соопшти дека го уништила големиот руски воен носач Орск, во близина на пристаништето Бердјанск, пренесе Ројтерс.
Кратката објава на Фејсбук за бродот беше придружена со фотографии и видеа од пламен и густ чад во пристаништето, објави АП.
We are told that #Russian ships have been hit in the port of #Berdyansk. We are waiting for official confirmation or denial. pic.twitter.com/9mRmkm2FNu
— NEXTA (@nexta_tv) March 24, 2022
Руската армија не коментираше што се случило со бродот.
Бердјанск е под руска контрола од 27 февруари.
Думаю, что одно фото из сегодняшнего утреннего Бердянска можно выложить. Победа в любом случае будет за нами. pic.twitter.com/kUi6YlB8VB
— Х… Бердянськ (@PVB40) March 24, 2022
Претходно, Антон Герашченко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи, објави фотографија на Телеграм на која се гледа густ облак чад кој се издига над лакот и напиша:
Магацин за ракети и артилериско оружје во Бердјаанск, кој беше окупиран од Русите“.
Бердјанск се наоѓа на околу 75 километри северозападно од Мариупол.