Руска армија: Освоивме уште еден град
Руската армија соопшти дека денеска ја презела контролата врз украинскиот град Изум, јави државниот медиум РИА-Новости, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.
Сепак, Украина го отфрли тоа тврдење. Људмила Долхоновска, советник на врховниот командант на Украина, Валериј Залужни, изјави за Си-Ен-Ен дека битката за Изум сè уште трае.
Телата на улиците
Изум се наоѓа на главниот пат меѓу Харков и сепаратистичките области Луганск и Доњецк во источна Украина, кој е поддржан од Русија. По интензивните судири меѓу руските и украинските сили во него минатата недела, речиси сите комуникации беа прекинати.
Неодамна се појавија првите снимки и фотографии од градот на кои се гледаат уништени и бомбардирани згради и тела оставени на улиците.