Свет

Шефот на НАТО го продолжува мандатот поради војната во Украина

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ќе го продолжи мандатот за уште една година поради војната во Украина, објавија норвешката телевизија ТВ2 и дневниот весник Дагенс Наерингслив, повикувајќи се на неименувани извори.

Сегашниот мандат на Столтенберг истекува на 1 октомври, а тој требаше да ја преземе функцијата гувернер на централната банка на неговата родна Норвешка до крајот на 2022 година.

„Одлуката треба да ја донесат земјите членки“
Запрашан во средата дали ќе остане генерален секретар на НАТО, Столтенберг рече дека таква одлука треба да донесат земјите-членки.

Руската инвазија на Украина, која Москва ја нарекува „специјална операција“, доведе до најголемата бегалска криза во Европа од Втората светска војна, бидејќи западните земји почнаа да ги преиспитуваат основите на својата одбранбена политика.

На почеток