Актуелно

ЕУ: Русија не сака да преговара туку да го окупира брегот сè до Молдавија

Руската влада не сака да седне и да разговара за прекин на огнот, туку сака да ја „изолира Украина од морето“, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, за шпанската телевизија ТВЕ.

„Русија не сака да преговара за ништо во моментов. Она што сака е да ја окупира територијата. Сака да го окупира брегот сè до Молдавија и да ја изолира Украина од морето. Само кога ќе обезбедат позиција на моќ на теренот дали сакаат искрено да преговараат“, рече Борел.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера разговараше за војната во Украина со израелскиот премиер Нефтали Бенет, а ден претходно со францускиот претседател Макрон за можноста за прекин на огнот во Украина, потсетува Скај њуз.

На почеток