Свет

Силен земјотрес во Јапонија

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утринава во Тихиот Океан во близина на брегот на Јапонија.

Според јапонската метеоролошка служба, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 50 километри во областа на префектурата Фукушима. Не е издадено предупредување за цунами, пренесува РИА Новости.

Јапонските експерти процениле дека сеизмичката активност достигнала четири на скала од седум, пренесува агенцијата Кјодо.

На почеток