Нападнати српски државјани во САД, имало и пукање
Во Мајами беше застрелан Србинот Н.Р., а друг избоден со нож. Двајцата се во болница и нивните животи не се во опасност.
Нападот се случил околу 18 часот и 45 минути по локално време во престижен кварт во Мајами, кога засега неидентификувани напаѓачи на паркингот во трговски центар го нападнале Н.Р. и неговиот пријател, кои се враќале од пазарење. Мотивот бил грабеж, поточно чанти од брендирани продавници кои напаѓачите ги носеле во раце.
„Ние носевме торби, кога неколкумина од нив не пресретнаа на паркингот, извадија пиштоли и ножеви. Ме удираа двапати по глава со пиштолите одзади, но јас возвратив, останав на нозе. Потоа пукаа“, изјави нападнатиот Н.Р.
„Едниот куршум ми помина низ левата нога, а другиот ја погоди коската на десната. Тогаш мислев дека ќе умрам бидејќи изгубив многу крв и не знаевме кога ќе дојде брзата помош. За среќа, брзо интервенираа“, додаде тој.
„Болката е навистина голема, чекам да ме оперираат, но ќе истуркам. Мојот пријател се чувствува добро, се надевам дека двајцата ќе излеземе без последици“, вели тој.
„Полицаецот кој дојде прв само ми кажа дека камерите снимиле сè и дека се на трагата на еден осомничен“, изјави Н.Р., сопственик на транспортна компанија во Чикаго.