Скопје

Детали за опожарениот двокатен автобус

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) објави детали за настанот во кој беше опжарен двокатен „Јутонг“ автобус.

„Неколку минути пред пладне, во двоспратен автобус „Јутонг“ кој сообраќа на линија 57 избувнал пожар, во кој за среќа нема повредени патници, причинета е само материјална штета. Во моментот на опожарувањето, автобусот бил на последната/почетната постојка во Нерези и во него немало патници. Внатрешната контрола на ЈСП Скопје веднаш излезе на терен, при што, од изјавата на возачот и околни сведоци, констатираше дека пожарот избувнал во делот кај што се наоѓа моторот. Благодарение на присебноста на возачот и неговата брза реакција, избегната е поголема штета, стои во соопштението

Инаку возачот употребил два ПП апарати, а во меѓувреме интервенирало едно противпожарно возило.

Случајот е пријавен и во МВР и во тек е утврдување на причините за настанот.

Фото Курир 

На почеток