Скопје

ВИДЕО: Мизерен пречек и огромна поддршка за фудбалерите среде Скопје

Oткако вчеравечер го победија европскиот шампион Италија во Палермо, фудбалерите се вратија назад Македонија.

Од аеродромот, фудбалерите веднаш заминаа на плоштадот Македонија, каде што ги чекаа илјадници навивачи од целата земја кои пееа навивачки песни.

Поддршката на плоштадот беше огромна, но ниту Град Скопје, ниту Владата на Република Македонија не се погрижи да организира достоен прочек за фудбалерите.

Освен заштитна ограда, на плоштадот не беше поставено никакво озвучување ниту бина, па фудбалерите мораа да викаат за да ги слушне публиката

Јавноста веднаш реагираше велејки дека дочекот е мизерен споредбено со оние кои беа организирани во минатото.

Инаку на пречекот не се појави целата македонска репрезентација, а од ФФМ преку социјалните мрежи информираа дека мора да се придржуваат до ковид протоколите.

„Заради Ковид протоколи од УЕФА, само неколкумина од фудбалерите ќе ги поздрават присутните на плоштадот. Мора да се придржуваме до протоколите заради видеата и сликите кои се споделуваат, а овој начин на групирање со луѓе надвор од тимот, УЕФА не го дозволува во своите протоколи“, информираа од ФФМ.

На плоштадот беше и градоначалничката Данела Арсовска која не ја испушти можноста да се фотографира со дел од фудбалската репрезентација, но не кажа зошто нема целосна организација на овој дочек според примерите од минтатото.

На почеток