Магазин

(ВИДЕО) Андреа ги откри придружните вокали за Евросонг

Рената Кралевска и Ана Петан ќе ги пеат придружните вокали на Андреа Коевска на Евросонг во Торино. Андреа објави видео на кое трите девојки ја пеат песната Еуфорија од Лорин и се пофали дека го има тимот од соништата.

„Со гордост ви ги претставувам моите прекрасни придружни вокали Ана и Рената. Почувствувајте ја нашата енергија и хемија, зашто токму тоа ќе го донесеме во Торино. Едвај чекаме да дојде Евровизија. Уживајте во овој мал дел од ‘Еуфорија’“, напиша Андреа.

На почеток