И во Скопје ќе се емитува концертот на светските ѕвезди за поддршка на Украина
Целиот свет е сведок на бруталната војна која руската федерација ја започна и сеуште ја води во Украина. Веќе еден месец украинскиот народ се бори за својата слобода, независност и суверенитет. Целиот свет не поддржува, вели Амбасадата на Украина во Македонија.
„Во овој контекст, на 27 март 2022 година во 17:30 часот по македонско време, ќе се одржи светски онлајн телемаратон за поддршка на Украина под слоганот #SAVEUKRAINE.
За време на концертот ќе настапат украински (Jamala, Okean Elzy, MONATIK, Ruslana, DakhaBrakha, Kalush, Go A) и светски ѕвезди, меѓу кои Sting, Ed Sheeran, Bryan Adams, U2, Madonna, Imany, Imagine Dragons, Rod Steward, Elton John и многу други.
Во многу земји на светот, телемаратонот ќе се емитува на националните телевизии, во центрите на градовите и слично.
Северна Македонија не е исклучок.
Во центарот на град Скопје, на видео бимот на плоштад „Македонија“ ќе се емитува телемаратонот за поддршка на Украина и украинскиот народ.
Ги покануваме сите кои што не поддржуваат во оваа праведна борба Украина за својата земја, да дојдат и да ја поддржат Украина со своето присуство.
Ве очекуваме, пријатели“, стои во објавата.