Коментари

Пандев до министерот Османи: Смешен си господине и жален

Поранешниот капитен на Македонија, Горан Пандев испрати порака до министерот за надворешни работи, Бујар Османи, откако тој им вети дека ќе додели дипломатски пасоши на сите фудбалери ако обезбедат место на Мундијалот.

Александар Трајковски, Енис Барди и селекторот Благоја Милевски добија пасоши од Министерството за надворешни работи на Република Македонија, откако ја надвладаа Италија сред Палермо со 1-0.

Пандев, кој настапува за Парма, на својот Инстаграм профил напиша:

„Смешен си господине и жален, гледај си политика и пушти ги хероите да уживаат, за нив треба споменици а не пасоши“, напиша Пандев.

На почеток