Две силни експлозии кај Житомир: „Луѓето беа исплашени, како да е земјотрес“
Украинските власти соопштија дека руските сили истрелале две ракети во западниот дел на земјата во текот на ноќта. „Две многу силни експлозии се случија синоќа во близина на Житомир“, изјави градоначалникот Сергеј Сухомлин.
„Луѓето беа исплашени, куќите се тресеа како да е земјотрес. Нападот не беше извршен на Житомир, туку во близина на градот. Во Житомир сега ситуацијата е повеќе или помалку мирна“, објасни Сухомлин. Шефот на регионот Волин, Јуриј Похуљајко, изјави дека проектилот го погодил складиштето за гориво и дека бил истрелан од соседна Белорусија, каде што се наоѓа и руската армија.
„Се вратив од местото на настанот. Спасувачите работат, засега нема жртви“, рече Похуљајко во телеграмата, додавајќи дека проектилот бил на мала надморска височина и со тоа избегнало откривање со радари.