Мијалков не му спомена ни име на Груевски: Не сум знаел од кај се парите
Обвинетиот Сашо Мијалков за случајот „Плацеви на Водно“, даваше и своја одбрана. Тој тврди дека не му помогнал на Никола Груевски да пере пари. Не се чувствува виновен.
– Ова е апсолутно неточно и ова го тврдам најодговорно. Јас тоа што ќе го кажам во мојот исказ не значи дека вие како судечки совет треба да ми поклоните верба бидејќи јас како обвинет можам да кажам се во моја одбрана исто како и останатите обвинети минатотот рочиште, а не зборуваа баш вистина затоа треба да дадете верба во материјалните докази. Ние не видовме ниту еден материјален доказ ниту па еден доказ. Единствено во исказот на Александар Ивановски Теранова се споменува но повеќе како обвинет, а не како сведок. Но и тој исказ не е целосен а верувам и вие ќе го прочитате. Јас никогаш не сум дал упатства за ниту едно кривично дело не само во овој крвично-правен настан туку во ниту било која друга ситуација, изјави Мијалков на денешното рочиште за случајот Плацеви на Водно.
Тој не го спомна својот братучед Никола Груевски кој е обвинет дека како партиски претседател и претседател на владата организирал група за да го сокрие вистинскиот соппственик на имотот на Водно.
– Најодговорно ќе кажам, и стојам зад ова дека ниту сум знаел ниту сум можел да знам дека тие пари потекнуваат од кривично дело. Ова не сум можел да го знам бидејќи никогаш не сум имал пристап до партиската каса како партиски функционер ниту пак сум чул од сопартијците особено ако недостасува толкава сума пари тоа не може да биде незабележано, истакна Мијалков, кој во периодот на извршувањето на кривичното дело за кое е обвинет беше директор на УБК во МВР, министерство задолжено за гонење криминал и разоткривање на кривични дела. Никогаш никој од мене не побарал вакво нешто од мене особено да сторам некое кривично дело. Не видовме ниту еден материјален или вербален доказ освен исказот на Алек Теранова. Јас мислам што и да кажам веќе е констатирано во оваа постапка. Се докажа кој од кого побарал, кој основал и кому ја предал или купил и каде завршила фирмата и ниту еднаш никој не ме спомна за тие постапки. Би сакал да кажам дека во оваа постапка добив чувство на набљудувач. Видовме еден куп сведоци од кои единствено Ивановски го спомена моето име. И не се најдов во ситуација воопшто да се впуштам, да распрашувам или да спорам докази, заврши Мијалков.
Тој истакна дека никогаш не сум имал пристап до документи и печати од офшор компании.
-Мислам дека јасно и недвосмислено се констатира оваа околност која на чиста правдина ми се става на товар.
Во текот на оваа постапка добив чувство на набљудувач, видов документи, кои не се однесуваат на мене. Мислам дека вие ќе поклоните верба единствено на фактичката состојба, истакна ексдиректорот на УБК.