Арнаудова лута на Данела: Нема сенс за хуманост, ќе бидат ова долги три и пол години
Поп-пејачката Кристина Арнаудова се налути на градоначалничката на Скопје Данлела Арсовска, па јавно ја прозва на социјалните мрежи, откако за првпат Град Скопје не го поддржа летниот камп за деца од социјален ризик, Шарено лето. Овој летен камп постои од 2017 година и секое лето со Аранудова стотици деца од ранливи категории и социјален ризик одат на својот прв летен одмор. Овој пат Кристина Арнаудова вели дека неговото оддржување е неизвесно.
„Драги пријатели, нашиот редовен проект, бесплатениот летен камп за деца во социјален ризик, Шарено лето, кој постои од 2017 година, и каде стотици деца го доживеаа својот прв летен одмор, оваа година за прв пат не е поддржан од Град Скопје.
Неговото оддржување за прв пат е неизвесно.
Можам само да кажам дека ќе дадам се од себе да се одржи овој камп, а на оние кои избришале ваков хуман и потребен проект нека им служи на чест. Мандатите поминуваат, а ние остануваме.
Градоначалничката е токму онаква каква што очекувавме. Политичка фигура која нема сенс за хуманост и вакви проекти. Ќе бидат ова долги три и пол години. Јас само би и препорачала да не меша политика во хуманитарни проекти кои се потребни на овој напатен народ и многу деца….
Секој кој сака да спонзорира летен одмор за едно дете може да ни пише порака!
Ќе најдеме начин заеднички“, вели Арнаудова.