Скопје

Арнаудова ја нападнале лажни профили откако ја “исплука” Данела

Поп-пејачката Кристина Арнаудова се налути на градоначалничката на Скопје Данлела Арсовска, па јавно ја прозва на социјалните мрежи, откако за првпат Град Скопје не го поддржа летниот камп за деца од социјален ризик, Шарено лето. Овој летен камп постои од 2017 година и секое лето со Аранудова стотици деца од ранливи категории и социјален ризик одат на својот прв летен одмор. Овој пат Кристина Арнаудова вели дека неговото оддржување е неизвесно.

Таа на социјалните мрежи подоцна објави уште еден статус во кој вели дека ја нападнале лажни профили.

„На постот денес ми пишаа најмалку 15 лажни профили, пратени да напаѓаат и сејат омраза. Стварно немате попаметна работа? Стварно тоа ве исполнува, да напишете тоа што некој ви кажал дека треба? Подалеку од мојот профил, сите до еден ќе бидете пријавени ако продолжите да ми сеете зло на мој профил…. Ако сте за да напраиме добрина некому, бујрум, ако сте по наредба, за греота воздухот што го дишите“, вели Арнаудова.

To Top