Коментари

„Не ги сфаќам зошто се избрукаа за авионче, билет и хотел“, Јоци за патувањето на Тупанчески, Фетаи, Нанев

По информациите дека министерот за правда Никола Тупанчевски, обвинителката Фатиме Фетаи и судијата Лазар Нанев, летале гратис до Италија, односно на трошок на Фудбалската федерација, реагираше новинарката Јорданка Ивановска Јоци.

„Да се вратеа од Италија со некое бесно ,,Ферари” од 200.000 јура и гратис вила од екс мафијаш покрај море, да сфатам зашо кријат сметки од „приватното” патување во Палермо.

Вака за гратис авионче и билет, некои и хотел, на таа пара што ја земаат – сериозно не ги сфаќам зашо се избрукаа!

Изгледа прешло у навика, па никој не се потресол, пошто перцепцијата им е мутна ко мутен Вардар. Се осеЧаат ко Холивуд. Јак филм е тоа!

Нешо ко оние шо возат коли од 50.000 јура, а неќат да плаќаат паркинг.

Изгинаа за хотелќе, билетче и сендвич.
Страшно“, вели Јоци.

На почеток