Актуелно

Фатиме Фетаи предвреме полагаше правосуден испит, како исклучителна студентка, вели Русковска

Поранешната шефица на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, вели дека јавната обвинителка Фатиме Фетаи го полагала правосудниот испит предвреме, а тоа ѝ било дозволено од тогашниот министер за правда на ВМРО-ДПМНЕ, Михајло Маневски.

Според Русковска, образложението за доделувањето на ваквата привилегија на Фетаи било дека таа се покажала како исклучително добар студент.

„Ѝ беше дозволено со само една година стаж по завршување на факултетот, да полага правосуден испит предвреме. Тоа не беше тајна, сите знаевме во тоа време. Таа имаше завршено Правен факултет, и наместо две години стаж во правосудство, по една година, од страна на тогашниот министер полагаше правосуден. Образложението беше како многу добар, исклучиво добар студент. Затоа никој не го сфати тоа како погрешно“, рече Русковска во „Топ тема“ на „Телма“.

Сепак таа смета дека е погрешно тоа што процедурата не била запазена во случајот со Барлет Џафери, синот на претседателот на Собранието, Талат Џафери. За него предмет отвори Антикорупциската комисија, наведувајќи дека правосудниот испит го полагал пред да ги заврши студиите.

„Тоа не е во ред. Процедурата мора да биде запазена“, рече Русковска.

На почеток