Фетаи сама од трибините навиваше за Македонија
Од
Објавено на
Македонската фудбалска репрезентација вечерва на гостувањето во Гибралтар ја оствари зацртаната цел и со триумф од 2:0 (1:0) ја забележа првата победа во рамки на групата 4 од Ц-дивизијата во Лигата на нации.
Обвинителката Фатиме Фетаи и овој пат ја бодреше Македонската репрезентација, но овој пат сама.
Таа пред само неколку месеци ја бодреше Македонската репрезентација во Палермо заедно со министерот за правда Никола Тупанчевски, Лазар Нанев, претседателот на Основниот суд во Кавадарци. По ова тие се најдоа на тапет во јавноста откако се шпекулираше дека на државен трошок биле во Палермо за да го следат натпреварот меѓу Македонија и Италија.