Свет

„Ќе употребиме нуклеарно оружје за да ја отстраниме заканата за постоењето на нашата земја“ вели Песков

Русија ќе прибегне кон нуклеарно оружје само ако нејзиното „постоење“ е загрозено, а не поради исходот од конфликтот со Украина, соопшти Кремљ.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Русија има безбедносен концепт кој јасно кажува дека само кога постои закана за постоењето на државата, може да се користи нуклеарно оружје.

„И ние навистина ќе користиме нуклеарно оружје за да ја отстраниме заканата за постоењето на нашата земја“, изјави Песков вчера за американската телевизија PBS, пренесува Ројтерс.

Тој исто така нагласи дека се подразбира оти каков било исход од операцијата во Украина „не е причина за употреба на нуклеарно оружје“.

Песков рече и дека неодамнешната забелешка на американскиот претседател Џозеф Бајден за рускиот претседател Владимир Путин е доста алармантна.

„Неговата изјава дека Путин не треба да биде на власт во Русија, се разбира, е неприфатлива. Не е на претседателот на САД да одлучува кој ќе биде, а кој нема да биде претседател на Русија, рускиот народ да одлучи“, рече Песков. Американската телевизија, пренесува Тасс.

Претставникот на Кремљ изјави и дека западните земји всушност и објавиле тотална економска војна на Русија и дека неговата земја мора да се прилагоди на новите услови, кои, како што рече, се „прилично непријателски“.

Песков исто така изјави дека НАТО презел чекори кои ги засегаат безбедносните интереси на Русија уште пред Москва да започне „специјална воена операција во Украина“.

„Треба да ја разберете Русија. Која беше причината за започнување на операцијата во Украина? Неколку децении му кажуваме на Западот дека се плашиме дека НАТО ќе се пресели на исток, дека се плашиме дека НАТО ќе ни се приближи до нашите граници со својата воена инфраструктура, грижете се за тоа, не туркајте не во ќош. “, рече Песков, според Тас.

На почеток