Македонија

СДСМ се нервозни, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ реализираат проекти, а нивните функционери трошат милиони евра за цвеќиња, коли, мебел и слични непродуктивни трошоци, посочи опозицијата

„СДСМ се нервозни бидејќи и тие гледаат дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и покрај сите опструкции од централната власт и долговите кои ги оставија градоначалниците на СДСМ, успеаја да реализираат илјадници проекти“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по соопштението на СДСМ.

Тие додаваат:

„Втората причина за нервоза на СДСМ е тоа што граѓаните гледаат како нивните функционери безмилосно ги трошат народните пари за луксуз во време на криза. Народот виде дека функционерите на СДСМ и ДУИ во време на криза потрошиле 2 милиони евра за мебел, цвеќиња, жардињери и слично, како и над 2,5 милиони евра за нови службени возила.

Да потсетиме дека министерството за политички систем на Груби ќе потроши 350.000 денари за перење коли, 530.000 денари за ажурирање на страната, 400.000 денари за жардињери и 470.000 денари за консултантски услуги. Министерството за надворешни работи троши 1.3 милиони за мебел, 600.000 денари за набавка на подароци и 350.000 денари за цвеќиња. МВР ќе плати 15.400.000 денари за канцелариски мебел, а Маричиќ во СЕП ќе потроши 700.000 денари за перење на коли“.

На почеток