Актуелно

Претседателски авион заврши како сала за венчавки

Бидејќи никој не сакал да го купи авионот на претседателот на Мексико, одлучено е да се изнајми за прослави и службени патувања.

Претседателот на Мексико Андрес Мануел Лопез Обрадор објави дека авионот за таа цел и е предаден на армиската компанија.

Претседателскиот авион во иднина ќе може да се изнајмува и за свадби, прослави на родендени, а приходот од изнајмувањето треба да ги покрие огромните трошоци за одржување на авионот.

Инаку, Обрадор се обидува да го продаде авионот откако ја презеде функцијата пред три години. За левичарскиот популист, кој води строга политика на штедење, луксузниот Боинг 787 за 70 патници е целосна спротивност на сиромаштијата што е присутна во Мексико.

Авионот е купен за 219 милиони долари за неговиот претходник Енрике Пења Нието, додека актуелниот претседател користи редовни летови за неговите ретки патувања во странство.

На почеток