Македонија

СДСМ: Успешниот попис носи бројни придобивки за економски развој и нови политики

„По 20 години имаме успешен попис согласно светските пракси и стандардите на Евростат. Пописот е поздравен и од Европската комисија и од сите релеватни фактори. Успешниот попис носи бројни придобивки за економски развој и нови политики“, вели СДСМ.

Тие додаваат:

„Владата, институциите, компаниите сега имаат точни податоци на кои ќе се темелат идните мерки и политики.

Врз основа на оваа статистичка операција, Владата ги распределува средствата за финансирање на проекти од Програмата за рамномерен регионален развој, чија цел е намалување на разликите меѓу планските региони и меѓу општините.

Пописот дава увид колкава е потребата од стручен кадар за деца во градинките, увид во структурата на образованието на населението, што ќе резултира со креирање на политики за усогласување на потребите на пазарот на трудот.

Домашните и странски инвеститори ќе добијат појасна слика за распределба на квалификувана работна сила со што ќе им се помогне во планирањето на идните инвестиции.

Како одговорна партија, продолжуваме со реализација на мерки и политики во интерес на граѓаните и во интерес на државата“.

На почеток