Магазин

(ФОТО) 20 години група Камелеон, ноќ која ќе се памети во Охрид

Пред повеќе од 500 посетители во комплетно исполнетата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, групата Камелеон вчера одржа концерт кој долго ќе се памети.

Во еден глас со публиката, членовите на групата и бројните гости ги отсвиреа 17-те песни, кои за оваа пригода добија комплетно нови аранжмани.

– Прекрасна ноќ. Многу убава музика… Пораснавме со нивната музика, беа само дел од коментарите на охриѓани по настапот.

Вчерашниот концерт беше круна на неколку месечните подготовки, се` со цел достојно да се одбележи големиот јубилеј – 20 години од постоењето на групата.

Камелеон беа сигурни, точни и прецизни во музицирањето, изградија одличен однос со публиката и сосема го оправдаа слоганот од маркетинг кампањата дека „кога одите на нивна свирка, како да одите на гости кај добри пријатели“. Ѓоко Танески, Жармена и маестралниот Горан Папаз, заедно со градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ и другите гости направија оваа вечер да биде вистинско уживање за сите посетители.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток