Македонија

Бектеши се изјасни за плаќањето гасот на Русија, по барањето тоа да е во рубљи

Министерот за економија Крешник Бектеши утрово разговарал со гувернерката на Народната банка за плаќањата на рускиот гас кои од денес Русија бара да бидат во рубљи. Кај нас, министерот Бектеши вели дека не може да се направат такви трансакции.

„Имав прилика утрово да разговарам со гувернерката. Немаме уште насока од Европската централна банка имајќи предвид дека во курсната листа на Северна Македонија и Народната банка не е рубљата како валута, што значи не може да се направат такви трансакции“, рече министерот Бектеши н денешниот отчет за преземените мерки за ублажување на енергетската криза.

На почеток