Македонија се договори со Буагарија за Цар Самоил
Заедничко чествување на Цар Самоил договориле членовите на македонско-бугарската комисија. Ова утрово го потврдија членови од бугарската страна за ТВ21.
„Работата сè уште не е завршена, но добро тече. Кога ќе стигнеме до крајот тогаш ќе ви кажеме“, рече за ТВ21 членови на бугарската страна од историската комисија.
ТВ21 прашале: „Цар Самоил?“ а добиле одговор: „Тоа е завршена работа“. На потпрашањето: ТВ21: „Што значи завршена работа?“ добиле одговор: „Направивме заедничко…“. На ново прашање од ТВ21: „Заедничко чествување?“, добиле одговор: „Да, да“
Членовите од македонската страна ги избегнаа медиумите, па во Министерството за надворешни работи најверојатно влегоа од задната страна.