Македонија

На Црн Дрим фатен скопјанец кој си изградил објект на државно земјиште

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ј.Б.(62) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Пријавениот, на парцела лоцирана покрај реката Црн Дрим, во државна сопственост, узурпирал земјиште и без одобрение за градење изградил објект од тврда градба, стекнувајќи се со противправна имотна корист на штета на Буџетот на Република Северна Македонија.

На почеток